1-ва Хуманитарна Роденденска Акција

ДОДАЈ АЛБУМ

Заедно растеме со децата без родителска грижа

Хуманоста е највозвишена човекова карактеристика. Ако свеста за хуманоста ја нема, таа треба да се насади, да се одгледува... како цвеќе… како фиданка. А ние од Рингераја уште еднаш докажавме и покажавме дека сме хумани и секогаш подготвени да помогнеме токму онаму каде што треба, но да ги поттикнеме и останатите да бидат хумани.

Овој пат причината за овој хуманитарен настан не беше обична, овој пат беше посебна приказна, приказната за нашето семејство Рингераја, кое една година успешно растеше секојдневно. Причината беше првиот роденден на Рингераја.мк

Рингераја.мк која на многумина ни внесе промени во животот, нови пријателства, многу совети, дружби, убаво поминати моменти, стана семејство и на децата без родители од домот “11. Октомври”. Топлината која Рингераја.мк ја има е доволно голема да ја сподели со оние кои не ја почуствувале топлината на своите родители. Сите Рингераја.мк клиенти, корисници, целиот Рингераја.мк тим е едно големо Рингераја семејство кое од сега ќе биде нивно семејство – заедно ќе расте со децата без родители!

Но, да почнеме со ред. Акцијата започна на први март кога објавивме како планираме да го прославиме првиот роденден на Рингераја.мк. Сите беа воодушени од идејата и оригиналноста на Рингераја за прославата на роденденот. Полека почнаа да пристигнуваат и првите донации, а од ден на ден возбудата растеше и сите со нетрпение го очекувавме 22 март – денот на самата забава. Дојде и тој ден. 18.30 забавата во домот започна. Почетокот на прославата го означи водителката Марија Саздева која низ приказна не водеше од самите почетоци на Рингераја, за сите нејзини успеси во изминатава година. Потоа на сите присатни им се обрати директорката Ристенка Атанасова, која се заблагодари на Рингераја за тоа што се сетила токму на домот “11. Октомври” и ни додели благодарница и една прекрасна слика изработена од малите рачиња на децата од домот, која ја прими Генералниот директор за Македонија – Јулијана Василеска и се обрати на сите присатни заблагодарувајќи се за подршката што ни ја дадоа за акцијата да биде успешна. Со краток говор се обрати и Амбасадорот на Република Словенија, Господинот Брајан Бергант, кој воедно ја претставуваше земјата од каде Рингераја приказната започна – Република Словенија. Имавме чест освен на англиски и македонски јазик честитки да добиеме и на словенечки јазик со зборовите Vse najboljše Ringeraja.mk, а потоа Марина од Продукција Република ги покани ексклузивците да ја започнат толку очекуваната забава. Дечињата пееја во еден здив заедно со своите миленици Влатко Лозановски, Дарко Илиевски, ДНК, Димитар Андоновски и Оливера. Полека, срамежливо излегуваа дечињата на бината и атмосферата се вжештуваше. Сите пееја, играа, се забавуваа. Многу насмевки, внимание, сликање, прегратки имаше за дечињата од нашите Рингераја мамички. Многу слики, многу емоции, многу љубов, но и по некоја солза...

Стигнавме и до моментот кога децата не изненадија со песна за среќен роденден Рингераја и ја дувнаа свеќичката со број 1. Сите пресреќни се наредија да се засладат со тортите, но во меѓувреме забавата траеше низ песни, играње и дружба на децата со гостите.

Прекрасна роденденска забава имавме, а атмосферата ќе ја доловите преку сликите кои нашите рингерајки ги направија.

Благодарение на целото Рингераја семејство се исполнија некои од желбите на дечињата од домот така што: – Тие ќе можат поедноставно да ги извршуваат обврските околу своите алишта и сушењето на истите веќе ќе го прават со помош на сушалните, – За првиот пролетен ден дечињата се радуваа на животните во зоолошката градина, со ведрина и насмевка на лицето поминаа убави моменти во зоолошката – Наредниве денови ќе се засладуваат со многу чоколади, топло чоколадо, бонбони... – Најмалите ќе имаат убава забава во игротека Би Хепи – Ќе поминат и незаборавни моменти на годинешниот Бебе Саем – Матурантките ќе добијат нова фризура и комплетна шминка во студио Леонтич – Во компјутерскиот центар најмалите ќе можат да се забавуваат со најновите едукативни игри Логи

Искрена благодарност испраќаме до сите Рингераја корисници без кои Рингераја не би зрачела со топлина, љубов и желба за помош, благодарност до Господинот Брајан Бергант амбасадор на Република Словенија во Македонија за поддршката која словенечка амбасада ја дава. Благодарност до продукција Република и нивните ексклузивци. Благодарност до Црвен Крст на град Скопје и нивните волонтери, искрена благодарност до: Нептун – ЕуроМедиа, Крашкомерц дооел Скопје, Би-Мек екслузивен преставник на Cryo Save за Македонија, Paneks marketing communication – организатор на Бебе Саем, Интер Сај д.о.о.е.л – преставник на Фроддо чевлички за деца, Премаман – облека и опрема за дечиња и трудници, Уни Банка, Игротека Би Хепи, Елит Кафе, Др. Стамболиев, студио Леонтич, слаткарница Карамела и слаткарница Канела, млечен ресторан Македонско сонце како и до СТ Продукција (Логи игрите) и секако голема благодарност до нашите домаќини домот “11. Октомври”, директорката на домот, прекрасната госпоѓа Ристенка и сите весели мали срценца кои во секој момент се радуваа и славеа со нас.

И за крај, нека се множат уште многу родендени на Рингераја.мк. Нека ни се множат годините, нека се множат среќни родители, родители на среќни бебиња кои потоа ќе растат со пријателите, советите и врсниците од Рингераја!!!



Амбасада на Република Словенија






















 
 
Следење на развој на вашето дете
Пријавете се за е-новости каде внимателно го следиме развојот на вашето дете.
Твој e-mail.
Предвидени датум на породување или датум на раѓање на детето
Честитаме! Предвидениот датум на породување е
Recaptcha